За баражот за СП 2021, Македонија е во групата на неносители

27.02.2020 19:21
81764372_467507987511625_4819689918773067776_n-610x407

ЕХФ го објави изгледот на барабаните за баражите за СП 2021 во Египет.

За жал, поради лошиот пласман на ЕП 2020, Македонија падна во групата на неносители, што значи дека ќе имаме силен противник во борбата за настап на СП.

.

Барабан 1: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција

Барабан 2: Македонија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија, Турција/Русија, Романија/БиХ, Полска/Литванија, Израел/Летонија, победник од квалификации

Ждрепката за баражот за СП во 2021 година ќе се одржи на 9 март во Виена.

Прочитано 448 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + 9 =