За крај на сезоната, Металург го совлада Вардар

28.05.2019 21:44
_DSC0076_resize

Во натпреварот од последното плеј-оф коло, во Автокоманда Металург го совлада тимот на Вардар, со резултат 32:29 (16:15). За само две седмици, ова е наша втора победа против градскиот ривал, по успехот во финалето на Купот на Македонија.

Сепак, денешната средба беше далеку под нивото на нашите вообичајни дуели, бидејќи двете екипи играа со крајно редуцирани состави. Вардар настапи со својот кадетски тим, засилен со Кизиќ, Милосављев, Гедбан и Марко Мишевски, но и Металург во својот состав ги немаше Пучник, Шпенде, Дупјачанец и Миличевиќ, а во игра не влегоа и Танкоски и Лазаревски, иако беа во составот. Токиќ одигра половина полувреме, колку и Арсеновски и Маџовски, а во нашиот состав беа и кадетите Андревски и Стојковиќ.

Се на се, денешната средба мина во знакот на Металург, кој водеше во текот на сите 60 минути. Во првото полувреме Металург стигна до највисока предност од 4 голови, 12:8, но полувремето заврши со минимални 16:15.

Во првата половина од вториот дел Металург го засили темпото и набрзо направи разлика од 9 гола, 28:19. Откако стана јасно дека бодовите ќе останат во Автокоманда, Металург се опушти и му дозволи на противникот на крајот да дојде до прифатлив пораз од три гола.

.

РК Металург – РК Вардар   32:29 (16:15)

РК Металург: Томовски, Даниловски, Јагуриновски 2, Лазаревски, Димитриоски 5, Токиќ 6, Шилегов 8, Танкоски, Андревски, Стојковиќ 1, Серафимов, Младеновиќ 1, Маџовски, Матијашиќ 7, Арсеновски 2. Седмерци: 5/7, Исклучувања: 2 мин.

РК Вардар: Кизиќ, Милосављев, Гедбан, Марио Мишевски 4, Чакалиќ 2, Павлоски 1, Димитријевски 3, Србиновски 2, Грујовски 4, Ставревски 5, Димчевски 2, Калајџиески 2, Марко Мишевски 4.    Седмерци: 2/2, Исклучувања: 4 мин.

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје.

Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

Прочитано 839 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 5