За Металург потпиша талентираниот голман Даниел Ѓорѓески

06.07.2019 20:14
23664-mak-rakomet-rabotnicki-vardar-19042016-9786_resize

Металург денеска се засили на голманската позиција. Нов голман во нашиот тим ќе биде талентираниот Даниел Ѓорѓески, кој ќе ги надомести заминувањата на Мартин Томовски и на Никола Даниловски и заедно со Даниел Дупјачанец ќе се грижи за безбедноста на нашиот гол.

Ѓорѓески (25 г., 189 см., 84 кг.) потекнува од Гостивар, блесна во Работнички, а потоа настапуваше во Вардар Јуниор и во Вардар, пред да се пресели во битолски Пелистер.

Даниел Ѓорѓески со Металург договори соработка во траење од две години.

Среќен сум што потпишав за еден од најдобрите клубови во Македонија. Металург е клуб со голема традиција и големи амбиции. За мене ќе биде голем предизвик да бидам дел од оваа екипа. Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата  на клубот и дека ќе помогнам во остварувањето на зацртаните цели во претстојната сезона“, вели Даниел.

Даниел Ѓорѓески е петтото засилување во редовите на Металург, по Лука Вујовиќ, Милан Поповиќ, Маријан Мариќ и Реваз Чантурија.

 

Прочитано 654 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 2