За само 24 часа претседателите на Металург и на Криенс ги решија сите проблеми врзани за двете меѓусебни средби

09.09.2020 12:21
Zorica-Blazevska-975x640

По вчерашната ждрепка, која за противник ни ја одредија екипата на Криенс, се појавија бројни информации врзани за двата меѓусебни натпревари. Поради строгите ковид-протоколи во Швајцарија, која Македонија ја држи на црната листа и бара обврзувачки карантин, се навестуваше и можност за играње на неутрален терен, според искуството на Винтертур од првото квалификациско коло.

Но експедитивните претседатели на двата клуба, Зорица Блажевска и Ник Кирстен, во меѓусебна комуникација и во комуникација со Владите на двете земји, за помалку од 24 часа по ждрепката ги решија сите проблеми, така да двете средби дефинитивно ќе се играат во одредените термини, без карантин за двата клуба.

Првата средба ќе се игра во Скопје, на 22 септември, додека реваншот ќе се игра во Цирих (Саалспортхале), на 29 септември.

 

 

Прочитано 682 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + 8 =