ЗАГРЕБ БЕЗ ШАНСА ПРОТИВ ДОБРИОТ МЕТАЛУРГ. ФОТО

07.12.2013 22:23
51_resize

rk-metlurg-logo_final_resize

Во деветтиот меѓусебен натпревар Металург вечерва му го нанесе третиот пораз на тимот на Загреб, прв на теренот на противникот. Натпреварот од 12. коло во Гаспром СЕХА регионалната лига заврши со победа на нашите ракометари, со резултат 30:25 (15:11).

Видовме едно од најдобрите изданија на Металург во тековната сезона и, по подолго време, маестрална партија на Дарко Станиќ, кој собра дури 17 одбрани, меѓу кои и еден седмерец.

Загреб поведе со голот на Степанчиќ, во 2. минута, и тоа беше единствената предност на домашниот состав во текот на целиот натпревар. Вратија Манасков и на двапати Миркуловски, за водство на Металург, 1:3, во 6. минута. Од тој момент, па, се до крајот на средбата нашите ракометари целосно доминираа на паркетот на загребска Арена и одржуваа постојана предност од неколку гола, најголема при резултат 4:9, 6:11 и 10:15. Апсолутни херои на првиот дел беа Станиќ, со 12 одбрани, и Вугринец, кој во овој дел постигна седум од своите осум гола. Во последните десет минути од првиот дел на средбата Вугринец беше нашиот единствен стрелец и нанижа пет гола во серија.

Ништо не се промени ниту во второто полувреме. Улогата на Вугринец ја презеде Павел Атман, кој во вториот дел постигна пет гола. Свој допринос дадоа Наумче Мојсовски (3), Ојлески (3) и Георгиевски (2). Мала криза во нашата игра се почувствува во периодот од 46. до 51. минута, кога противникот дојде на растојание од два гола, но набрзо повторно се одлепивме на сигурни +5, 21:26. На крајот од мечот противникот се обиде да не изненади со пресинг по целиот терен, но искусните ракометари на Металург, се чини, се снајдоа подобро во бркотницата по теренот и забележаа вредна победа, со резултат 30:25.

Загреб – Металург  25:30 (11:15)

Загреб: Ивиќ (6 oдбрани), Стевановиќ (5 oдбрани); Maриќ, Mихиќ 1, Степанчиќ 1, Maтулиќ 2, Шпрем 2, Чориќ 2, Шебетиќ 6, Хорват 5, Шандрк, J. Валчиќ, T. Валчиќ 1, Maндалиниќ 1, Oбрановиќ 3 и Kaлеб 1.     Седмерци: 5/6.    Исклучувања: 6 минути.

Meталург: Станиќ (17 oдбрани), Miјатовиќ, Ojлески 3, Димовски 1, Пецаковски, Вугринец 8, Георгиевски 2, Maнасков 1, Mиркуловски 5, В.Maркоски, З.Mojсоски, Н.Maркоски, Н.Mojсовски 3, Aтман 7, Keџо и Joновски.     Седмерци: 0/1.     Исклучувања: 10 минути.

Овие двајца противници ќе се сретнат и идната сабота, овојпат во Скопје.

Металург веднаш по натпреварот се враќа во Скопје, со летот од 21.15 часот.

Фото: Користени се фотографии на “Sportnet.hr“ и на “24 Sata.hr“

Прочитано 1.733 пати

(9) Коментари

  1. Sekoja cest na site igraci na Metalurg sto istrcaa na terenot vo Zagrepskata Arena.
    Odamna ne sum videla vakva tecna igra – tolku mnogu tecni akcii i golovi od 9-10 metri na nasite bekovi .Navistina sekoja cest ! Bravo !
    Sakame i na 14 dekemvri ovde vo Skopje da ja povtorite istata igra , a normalno nie da imame moznost toa da go vidime od tribinite.

  2. bravo bravo bravo !!!
    moze li da ni kazete koga ke bidat pusteni biletite za 14ti? i dali ke se prodavaat preku kupikartizase.com?

    • За се околу влезниците за средбата со Загреб ќе информираме од понеделник.

    • Влезниците ќе се продаваат преку КупиКартиЗаСе а ќе стартуваат во вторник во 12 часот. Поздрав

      • vi Blagodaram. Se gledame vo sabota na tribini :)

  3. bravo! toa e vistinskiot metalurg,sekoja cest!

  4. kje ima li kompletna snimka od natprevarot Zagreb-Metalurg na MetalurgTV.

  5. Честитки. Гледате… можело да се игра како што треба 70 + минути со предност а потоа контрола и одржување над целата игра.

Напишете коментар


8 − = 1