ЗАГРЕБ ГО ОДБИ НАШЕТО БАРАЊЕ ЗА ОДЛАГАЊЕ НА СРЕДБАТА ЗАКАЖАНА НА 11 МАРТ, ВО ВАРАЖДИН

02.03.2012 16:58
rtfolio-seha-mash-1316551760_resize

Во периодот од 11 до 25 март Металург и Загреб ќе мораат да се сретнат дури три пати. Имено, покрај двомечот во 1/8 финале од Лига на шампиони, календарот на СЕХА лига несреќно не обврза да играме и меѓусебен натпревар на 11 март, во Вараждин. Имајќи го во предвид претстојниот двомеч во Лига на шампиони, побаравме да се одложи натпреварот од 11 март. Денес добивме одговор од РК Загреб во кој тие го одбиваат нашиот предлог.

Како причини се наведуваат направените консултации со агенцијата која го презеде финансирањето на СЕХА лига, консултациите со хрватската телевизија и густиот распоред.

Натпреварот ќе се игра во Вараждин, на 11.03.2012 со почеток во 15.30 часот и директно ќе се пренесува на HRT 2.

Прочитано 1.396 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 2 = 6