Заморот во второто полувреме го однесе Металург во нов пораз

09.11.2018 00:08
MJI_3657_resize

Во својот трет натпревар во последните пет дена, Металург ја загуби средбата против Спортинг Лисабон, која е одиграна во рамките на седмото коло на групната фаза на Лигата на шампионите. Металург загуби убедливо, со резултат 24:31 (18:17), иако се чини дека поразот е превисок и не одговара на настаните на теренот.

Имено, Металург одигра солидно прво полувреме во кое имаше целосна контрола и постојано водство, кое во два наврати изнесуваше и цели четири голови. Сепак, повремената брзоплетост на нашите ракометари постојано ги враќаше гостите во игра, па првото полувреме заврши со само минимална предност на Металург, 18:17.

Во вториот дел работите комплетно се изменија. Спортинг набрзина го презеде водството и не го испушти до самиот крај. Металург се потешко успеваше да дојде до шанса за гол, кај нашите ракометари се почувствува замор, а зачестија и техничките грешки. Згора на се, имавме и лоша реализација, па и недисциплина во играта, а сето тоа му ја олесни работата на гостинскиот тим. Сепак, уште десетина минути Металург успеваше да биде само чекор зад резултатот на Спортинг и имаше надеж дека може да го преокрени резултатот. Катастрофата не стигна во последните десетина минути во кои Спортинг стигна до убедлива победа од дури седум голови разлика.

.

РК Металург – Спортинг Лисабон  24:31 (18:17)

РК Металург: Томовски 0/1 (15 одбрани +1 седмерец), Даниловски, Јагуриновски, Лазаревски 3/3, Димитриоски 5/9, Токиќ 1/5, Шилегов 1/3, Танкоски 4/7, Серафимов 1/2, Шпенде 3/7, Велковски 2/5, Рибеиро 3/5, Пучник 1/1, Миличевиќ, Маџовски, Арсеновски.   Седмерци: 1/3. Исклучувања: 24 мин.

Спортинг Лисабон: Скок (18 одбрани + 1 седмерец), Ашанин, Чудиќ, Валдез 5/7, Араухо 1/3, Бјелановиќ, Руесга 5/10, Карол Марцо 4/10, Т. Роча 2/3, Карнеиро 2/3, Ф. Роча 4/5, Стјепановиќ, Рејс, Никчевиќ 4/6, Грацио, Фраде 4/6.   Седмерци: 2/4.   Исклучувања: 10 мин.

Судии: Саид Бонура и Калид Сами од Франција.

Делегат: Панос Антониу од Кипар.

Прочитано 293 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 9 = 14