ЗАСЕГА, БАУЕРФАЈНД Е НАЈДОБРАТА ЕКИПА ВО МИНИ ЛИГАТА

07.05.2012 01:36
DSC_0430_resize

По две одиграни кола екипата на Бауерфајнд се претстави како најдобра екипа во мини лигата. Иако и други екипи имаат по две победи од двете кола, Бауерфајнд тоа го стори на најимпресивен начин. По победата над Пелистерка Кола во првото коло со резултат 19:9, следуваше и денешната висока победа над Капитал со 16:7. За екипата на Капитал ова е прв пораз.

Петрески и Антевски со по пет гола мајмногу придонесоа во победа на својата екипа, додека кај поразениот тим Алексовска постигна три гола. И овој пат да не заборавиме дека Капитал е женска екипа.

Капитал – Бауерфајнд   7:16  (4:10)

Капитал: Алексовска 3, Божиновска, Тасевска 1, Тасева, Јанева, Андоновска, Спасова 1, Костадиновска 1, Маринковиќ, Ѓуриќ, Алушевска, Дамчевска 1, Настевска, Стефановска, Илјаз и Брунчевиќ.    Тренер: Јулијана Црвенкоска.

Бауерфајнд: Петроски, Трајковски, Олтовски 2, Николовски 1, Петрески 5, Антевски 5, Божиновски, Ристовски 3, Тасевски, Митиќ и Ангелковски.      Тренер: Горан Стојков.

Судија: Кристијан Павловски.

Делегат: Капсарева Михаела.

Лекар: Александра Стојановска.

Прочитано 241 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 16