Топ Вести

ЗАСЛУЖЕНА ПОБЕДА НА ВАРДАР

25.04.2015 18:37
FLP_5853-2_resize

za tekst

Металург го забележа првиот пораз во плејофот на македонското првенство, откако пред малку е поразен од екипата на Вардар, со резултат 18:26 (9:14).

Вардар заслужено забележа нов триумф, бидејќи во најголем дел од средбата ја имаше контролата врз резултатот. Сепак, Металург пружи одличен отпор, особено во првата четвртина од средбата, кога екипите се менуваа во водството. Долго време Вардар не успеваше да го скрши отпорот на Металург и дури во 22. минута за првпат поведе со три гола предност. Металург, по одличниот почеток, се соочи со цврсто поставената одбрана на Вардар и подолго време не успеваше да го најде патот до голот на противникот. Неколку исклучувања и технички грешки беа причина на крајот од првото полувреме да губиме со осетни -5, 9:14.

Почетокот на вториот дел им припадна на домашните ракометари, кои најпрво дојдоа до предност од седум гола, 16:9, а потоа и до, денес максималните, осум, 18:10, во 37 минута. Се до крајот, натпреварот повторно стана рамноправен, а времето помина во обидите на Металург да го намали резултатот.

Металург покажа дека има квалитет, но Вардар во моментот сепак е евидентно посилна екипа.

Вардар – Металург  26:18 (14:9)

Вардар: Штербик, Ангелов (13 одбрани), Тоскиќ 3, Брумен 2, Дибиров 2, Карачиќ 3, Душебаев 4, Стоилов1, Шишкарев 1, Лазаров 4, Терзиќ 1, Марковиќ 2 и Прибак 3, Чипурин.     Седмерци: 1/2.     Исклучувања: 4 минути.

Металург: Ефендиќ (4 одбрани + седмерец), Митревски (5 одбрани), Ојлески 1, Стојановиќ 1, Бувиниќ, Џукиќ 2, Војводиќ 4, Талески 3, Пешевски 1, Нелоски, Вргоч 3, Голубовиќ 1, Манасков, Борј.Маџовски 1, Костески и Бој.Маџовски 1.     Седмерци: 2/2.     Исклучувања: 8 минути.

Прочитано 2.349 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 2