ЗАТВОРЕН ЛЕТНИОТ КАМП НА МЕТАЛУРГ 2011

26.06.2011 19:48
DSC07275_resize

Летниот камп 2011 е официјално затворен. Од 19 до 25 јуни, 65 наши млади ракометари и ракометарки, сместени во прекрасниот хотел “Бетон“, ги совладуваа техниките на ракометот. Освен утрински и вечерен тренинг, децата имаа и други активности. Убавото време беше искористено за капење во езерото, сончање и забава. Под будното око на тренерите Горан Стојков, Александар Јовиќ, Слободан Чивлачки и Силвана Миленковиќ, децата поминаа незаборавни седум дена. На располагање им беше и 24 часовна лекарска нега, а докторката Александра Стојановска, инаку голем пријател на Металург, стана општа миленичка.

На 23 јуни, во салата “Биљанини извори“, свое деби имаше и новоформираната екипа на Металург, генерација 98’. Во натпревар со врсниците од Струга, нашите млади надежи извојуваа убедлива победа, со резултат 18:11.

Посебно ќе се памети и заедничката прошетка во градот Охрид, и посетата на прекрасниот Плаошник.

Децата се вратија во Скопје. Идната година, некои други деца, членови на нашите ракометни школи, ќе бидат дел од летниот камп кој стекна огромна популарност и стана дел од агендата на Металург.

Фото:

Прочитано 553 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 9 =