Затворена е листата на учесниците на Супер Глоуб 2019

11.07.2019 14:53
IHF_Super_Globe.svg_resize

Со приклучувањето на Кил, кој доби вајлд-карта, затворена е листата на учесниците на неофицијалното светско клупско првенство, Супер Глоуб, за 2019 година.

Оваа година ова натпреварување има две суштествени измени. По девет години, Супер Глоуб ја напушти Доха (Катар) и во следните три години ќе се игра во Дамам (Саудиска Арабија). Втората измена се однесува на бројот на учесниците – место осум оваа година ќе настапат дури десет екипи. За да се дојде до потребните осум, кои ќе се натпреваруваат во четврт-финалето, се воведуваат две квалификациски средби во кој ќе настапат двете екипи со вајлд-карта (Кил и Ал Мудхар), а нивни противници ќе бидат екипите на Сиднеј Универзитет и на Њујорк.

.

Оваа година на Супер Глоуб ќе настапат:

Ал Вехда (Саудиска Арабија – домаќин)

Барселона (Шпанија – бранител на титулата)

Вардар (Македонија – шампион на Европа)

Ал Духаил (Катар – шампион на Азија)

Замалек (Египет – шампион на Африка)

Таубате (Бразил – шампион на Јужна и на Средна Америка)

Њујорк (САД – шампион на Северна Америка и на Карибите)

Сиднеј Универзитет (Австралија – шампион на Океанија)

Ал Мудхар (Саудиска Арабија – вајлд-карта)

Кил (Германија – вајлд-карта)

.

Елиминациските средби ќе се одиграат на 27 август, четврт-финалните на 28 август, полуфиналните на 29 август, а мечот за титулата ќе се одигра на 31 август. Слободен ден е на 30 август.

Наградите остануваат исти: 400.000 долари за првото место, 250.000 за второто место и 125.000 за третото место.

Прочитано 180 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 7