Топ Вести

Заврши 13-от летен камп на Академијата Металург

21.06.2018 10:04
35855833_481824102248033_8377471192751144960_n_resize

Денеска официјално заврши 13-тото издание на летниот камп на Академијата Металург, најстариот ракометен камп во нашата земја и еден од најстарите во Европа.

Хотелот „Галеб“ во Струга беше годинашното собиралиште на учесниците на кампот, а повеќе од 150 деца беа дел од ракометното дружење и од забавата на бреговите на Охридско Езеро, како еден вид награда за одлично одработената сезона во мини-лигата на Металург и на тренинзите преку годината.

Утринските тренинзи децата ги реализираа на отвореното ракометно игралиште во Струга, а во попладневните часови тренираа во училишната сала „Нико Нестор“.

Покрај редовните утрински и попладневни тренинзи, секој ден во вечерните часови за децата беа организирани забави за дополнително дружење и за забава, на кои, покрај тоа што се натпреваруваа, тие добиваа и голем број на награди. За безбедноста и за здравјето на камперите на Металург 24 часа на ден се грижеше д-р Димитар Ангеловски.

Довидување до следната година.

Прочитано 70 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 2 =