Заврши групната фаза во Лига Европа. Резултати и конечни табели

03.03.2021 10:54
DAR_3011_resize

Со вчерашното комплетно десето коло, заврши групната фаза во Лигата на Европа. Станаа познати и 16-те екипи кои ќе продолжат во осминафиналната фаза од ова натпреварување.

Металург ги заврши своите настапи. Својата прва поставена цел – пласман во групната фаза клубот ја исполни. Одигра девет средби, а една доби со службен резултат. За жал, Металург само на четири средби настапи комплетен, а последните пет ги одигра за само две недели, со крајно редуциран состав. Перипетиите со коронавирусот и со повредите беа причини поради кои на овие пет средби настапивме со 11-12 ракометари, меѓу кои и неколку кадети и младинци.

.

Вчерашни резултати:

Група “А“:

Металург – Адемар Леон  27:27 (16:13)

Висла Плоцк – Чеховски Медведи  25:27 (13:16)

Феникс Тулуз – Фиверс  29:25 (16:16)

Конечна табела:

1. Висла Плоцк 10 8 0 2 297 : 242 55 16
2. Адемар Леон 10 5 4 1 307 : 296 11 14
3. Чеховски Медведи 10 7 0 3 301 : 264 37 14
4. Фиверс 10 2 2 6 301 : 311 -10 6
5. Феникс Тулуз 10 2 2 6 227 : 250 -23 6
6. Металург 10 1 2 7 259 : 329 -70 4

Во осминафинале се пласираа екипите: Висла Плоцк, Адемар Леон (поради подобриот меѓусебен скор со Чеховски Медведи), Чеховски Медведи и Фиверс (поради подобриот меѓусебен скор со Феникс Тулуз).

.

Група “Б“:

Фуксе Берлин – Спортинг Лисабон  29:19 (14:10)

Кристијанштад – Нимс  30:30 (13:15)

Татран Прешов – Динамо Букурешт  32:27 (18:11)

Конечна табела:

1. Фуксе Берлин 10 6 2 2 247 : 223 24 14
2. Нимс 10 5 2 3 279 : 263 16 12
3. Кристијанштад 10 5 1 4 273 : 276 -3 11
4. Спортинг Лисабон 10 5 0 5 244 : 241 3 10
5. Динамо Букурешт 10 3 1 6 279 : 298 -19 7
6. Татран Прешов 10 3 0 7 233 : 254 -21 6

Во осминафинале се пласираа екипите на Фуксе Берлин, Нимс, Кристијанштад и Спортинг Лисабон.

.

Група “Ц“:

ЦСКА – Магдебург  27:35 (17:18)

Монпелје – Нексе  37:25 (21:14)

Алингсас – Бешикташ  30:29 (14:17)

Конечна табела:

1. Магдебург 10 9 0 1 321 : 230 91 18
2. ЦСКА 10 7 0 3 263 : 219 44 14
3. Монпелје 10 6 0 4 231 : 197 34 12
4. Нексе 10 5 0 5 269 : 284 -15 10
5. Алингсас 10 3 0 7 262 : 304 -42 6
6. Бешикташ 10 0 0 10 238 : 350 -112 0

Во осминафинале се пласираа екипите на Магдебург, ЦСКА, Монпелје и Нексе.

.

Група “Д“:

Тримо Требње – Татабања  32:28 (18:14)

Р.Н.Левен – ГОГ  32:24 (17:13)

Кадетен Шафхаузен – Еурофарм Пелистер  29:26 (16:12)

Конечна табела:

1. Р.Н.Левен 10 8 1 1 296 : 256 40 17
2. Кадетен Шафхаузен 10 6 2 2 261 : 251 10 14
3. ГОГ 10 6 0 4 306 : 305 1 12
4. Еурофарм Пелистер 10 5 1 4 244 : 237 7 11
5. Тримо Требње 10 3 0 7 250 : 273 -23 6
6. Татабања 10 0 0 10 263 : 298 -35 0

Во осминафинале се пласираа екипите на Р.Н.Левен, Кадетен Шафхаузен, ГОГ и Еурофарм Пелистер.

Прочитано 115 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 12