ЗАВРШИ “НОВОГОДИШНИОТ ТУРНИР“ НА МЕТАЛУРГ.

24.12.2012 07:01
467949_512717745425749_476962495_o_resize

Вчера заврши првиот Новогодишен турнир на Металург.

Ако во утринските часови се натпреваруваа девојчиња и момчиња од генерацијата 2004 и помали, во попладневните часови се реши судбината на пехарите кај постарата генерација 2002/2003.

Најпрво се одиграа двете полуфинални средби во машка конкуренција и постигнати се следните резултати:

Бауерфајнд – Стоби 20:16 (9:8)

Првото полуфинале можеме слободно да го прогласиме за најдобар, најквалитетен и најборбен натпревар на целиот турнир. Видовме жестока борба, видовме огромна желба за победа, токму тоа што треба да ги краси младите спортисти. Иако се работи за девет и десетгодишни момчиња, тие се пресметаа во манир на искусни ракометари. Во апсолутно израмнета борба, екипите се менуваа во водство. Во првото полувреме резултатот беше израмнуван дури осум пати, и тоа во полувреме што трае само десет минути. Сепак, овој дел од натпреварот го доби екипата на Бауерфајнд, со резултат 9:8. Своето водство екипата на Бауерфајнд го задржа до крајот на средбата, иако момчињата од Стоби постојано им беа зад петици. На две минути до крајот работите се вжештија кога Стоби се доближи на растојание од само еден гол, 17:16. Сепак, со серија од 3:0, Бауерфајнд конечно се одлепи и обезбеди место во финалето. Фантастична партија имаше Жерновски Јуниор, кој сам постигна 11 гола, што е рекорд на турнирот. Во тимот на Стоби одлични беа Фидановски (9) и Младеновски (7).

Бауерфајнд: Аспровски 1, Србиновски 1, Жерновски 11, Смилевски, Апостоловски 6 и Андоновски 1.

Стоби: Нешиќ, Белиќ, Премчевски, Фидановски 9, Младеновски 7, Богоевски и Ѓорѓевиќ.

Репро 21 – Бекстејџ 13:10 (8:7)

Второто полуфинале, иако го немаше квалитетот на првото, исто така помина во голема и израмнета борба, во која екипите се менуваа во водство, со голем број израмнувања на резултатот, 6. Натпреварот беше решен во втората половина од второто полувреме, кога екипата на Репро 21 обезбеди предност од два гола, 10:8. На крајот, Репро 21 победи со резултат 13:10. Кај победникот се истакнаа Милев (5) и Дејанов (4), а кај поразените Стевковски (6).

Репро 21: Димовски, Милев 5, Трпевски, Неловски 2, Дејанов 4, Костовски 2, Крстевски и Сара Костовска.

Бекстејџ: Ковачевски 3, Аврамовски, Бојчевски, Хаџидаов 1, Станислав, Костадинов и Стевковски 6.

По полуфиналните средби во машка конкуренција на паркетот излегоа младите ракометарки на Кемпа и на Факом.

Кемпа – Факом 17:7 (6:2)

Финалната средба помина во целосна доминација на девојчињата од Кемпа. Кога на самиот почеток поведоа, со резултат 5:0, беше повеќе од јасно дека пехарот ќе им припадне ним. Првиот дел заврши со резултат 6:2. Во второто полувреме тимот на Кемпа заигра уште подобро, а предноста порасна до максималните + 11, 15:4. Крајниот резултат од средбата е 17:7.

Кемпа: П. Стојановска 3, Димитровска, Ѓоргиевска 7, Алексовска 2, Мирковиќ, Аполеска, П.М. Стојановска, Капсарова 2, Јусуфовиќ, Ѓуриќ 3 и Цветковска.

Факом: Буразер 1, Петревска 1, Савовска, Ристевска, Велковска, Стојановска, Ивановска 1, Димитриевска 1 и Кочовска 3.

За најдобар стрелец е прогласена Мила Ѓоргиевска.

За најдобар играч Елена Ивановска.

Избран е и олстар-тимот на турнирот:

Тамара Петревска

Сара Ѓуриќ

Анастасија Буразер

Теа Гештаковска

Михаела Стојановска

Премиерното издание на Новогодишниот турнир на Металург заврши со финалниот натпревар во машка конкуренција меѓу Бауерфајнд и Репро 21.

Бауерфајнд – Репро 21 15:7 (6:4)

Иако посакувавме борбено и израмнето финале, не се случи тоа. Борбено беше, но не и рамноправно. Екипата на Бауерфајнд од самиот почеток ја презеде иницијативата и набргу создаде предност од четири гола, 6:2. Сепак, полувремето заврши со резултат 6:4, со што и двете екипи ги задржаа шансите за конечен триумф. Но кога во почетокот од вториот дел екипата на Бауерфајнд направи серија од 4:0, стана јасно кој ќе го освои победничкиот пехар. Конечниот резултат од средбата е 15:7. Најпрецизен на средбата беше Никола Жерновски со 8 постигнати голови.

Бауерфајнд: Аспровски, Србиновски 3, Жерновски 8, Смилевски, Павловски 3 и Андоновски 1.

Репро 21: Димовски, Милев 1, Трпевски, Неловски 1, Дејанов 4, Костовски 1, Крстевски и Сара Костовска.

За најдобар стрелец е прогласен Никола Жерновски.

За најдобар играч Филип Дејанов.

Избран е и олстар-тимот на турнирот:

Филип Фидановски

Наум Тасевски

Давид Брестовац

Борис Павловски

Горазд Неловски

Турнирот беше одлично организиран од страна на Металург и се надеваме дека ќе стане традиционален. Два дена имавме можност да се дружиме со децата од нашите школи и со нивните родители.

Фотогалерија:

 

Прочитано 688 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 3