ЗАВРШИ ПОБЕДНИЧКАТА СЕРИЈА НА МЕТАЛУРГ ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА.

20.05.2012 01:34
DSC_0129_resize

По тригодишниот престој во “Автокоманда“, победничкиот пехар за Купот на Македонија се сели во “Кале“. Металург загуби а Вардар ПРО се закити со нова титула. Победата на Вардар е сосема заслужена и ние му го честитаме големиот успех.

Кога противникот е помотивиран од нас, кога повеќе ја посакува победата, а ние играме како што игравме, поразот е неизбежен. Тоа ни се случи во Загреб, денес се случи и во Скопје. Уште еднаш се потврди дека Металург може да загуби само од себе самиот.

Очајната игра во нападот и особено во одбраната (нашето најсилно оружје), лошата тактика, бројните технички грешки и крајно индолентниот однос на поедини наши ракометари доведоа до пораз кој во голема мера го дискредитира и девалвира сиот досегашен труд и сите досегашни резултати.

На Металург му преостанува да направи детални анализи кои ќе покажат зошто губиме добиени натпревари и зошто нашите ракометари заостануваат зад противничките во поглед на желбата и мотивираноста. Ако финалната средба во СЕХА лига можеше да се оправда со замореност и разочараност од репрезентативните неуспеси, за денешната не постои никакво оправдување.

По натпреварот признанија добија единствените “светли точки“ во нашиот состав: Станиќ за најдобар голман и Наумче Мојсовски за најдобар играч.

Наумче Мојсовски на натпреварот доби потрес на мозокот како последица на удар од противнички играч.

РК Вардар ПРО – РК Металург  26:23  (13:14)

РК Вардар ПРО: Милиќ 13 одбрани, Абаџиќ, Стоилов 1, Ојлески, Маркоски, Николиќ, Симовиќ 3, Додер 4, Вујовиќ 1, Кукоски, Петриќ 4, Јовчевски 4, Марковиќ 6, Лазаров, Караџиќ 2 и Абутовиќ 1.     Седмерци: 3/5.      Исклучувања: 10 минути.

РК Металург: Станиќ 14 одбрани, Ангелов, Димовски, Марковиќ 3, Наумовски, Георгиевски 3, Козлина, Манасков 5, Миркуловски 3, Маркоски, З.Мојсоски, Н.Мојсовски 8, Стоилов, Стојчевски, Јоновски и Алушовски 1.    Седмерци: 4/5.     Исклучувања: 10 минути.

Судии: Митревски Димитар и Тодоровски Благојче од Битола.

Делегати: Начевски Драган и Камишевски Душко од Скопје.

Фотогалерија:

 

Прочитано 2.283 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 5