Топ Вести

ЗАВРШИЈА ОБВРСКИТЕ НА МЕТАЛУРГ ВО СЕХА-ЛИГАТА

16.03.2015 00:41
MJI_1569_resize

za tekst

Со одигрувањето на последниот натпревар против екипата на Брест Мешков, завршија обврските на Металург во СЕХА-лигата и екипата целосно ќе се сврти на претстојниот плеј-оф во првенството на Македонија.

Натпреварот против Брест Мешков го загубивме со високи 17:26 (9:12).

И на оваа средба настапивме без повредените Талески и Нелоски, на кои им се придружија Стојановиќ и Митревски, додека Пешевски настапи со недолечена повреда на мускул. Се уште наш најголем проблем е невоиграноста на составот, кој Лино Червар ќе се обиде да го хармонизира во следните 30 дена, колку што има до почетокот на плеј-офот.

Во првите петнаесетина минути бевме рамноправни, а го контролиравме и резултатот. Но, до крајот на првото полувреме гостинскиот тим се одлепи и замина на одмор со позитива од три гола, 12:9.

Лошо го почнавме вториот дел и дозволивме противникот да создаде разлика од осум гола веќе во 39. минута, 10:18. Таа разлика се задржа до самиот крај на натпреварот, кој гостите го добија со резултат 26:17.

Металург – Брест Мешков  17:26 (9:12)

Металург: Ефендиќ (8 одбрани + седмерец), Мисовски, Митревски, Голубовиќ 4, Ојлески 4, Бој.Маџовски 1, Костески 1, Манасков 2, Кукоски, Бувиниќ 2, Крстевски, Борј.Маџовски, Војводиќ 1, Пешевски, Џукиќ 1 и Вргоч 1.     Седмерци: 2/5.      Исклучувања: 2 минути.

Брест Мешков: Чарапенка (13 одбрани + 2 седмерци + 1 гол), Пешиќ, Бабичев 3, Божовиќ 3, Манојловиќ 4, Камишик, Николенкау 2, Стојковиќ 1, Шумак 1, Вукиќ 4, Баранов, Карачиќ, Рутенка 1, Разгор 2, Шиловиќ 3 и Астрашапкин 1.      Седмерци: 2/3.      Исклучувања: 4 минути.

Прочитано 1.238 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 1 =