ЗГАСНУВА УШТЕ ЕДЕН ШПАНСКИ РАКОМЕТЕН ГИГАНТ

12.06.2014 00:03
logo1_bm_valladolid_small_resize

za tekst

Валјадолид денеска ја објави сопствената ликвидација и стана уште еден шпански ракометен гигант кој ќе престане да постои. Финансиската криза, која неколку години го тресе шпанскиот ракомет, зеде уште едно славно име, кое им се придодаде на веќе подзаборавените Атлетико Мадрид, Сан Антонио, Кантабрија, Алтеа, Ичако итн. Екипата на Валјадолид, по 36 години минати во елитната шпанска лига, сезонава го загубија тој статус, а долговите во износ од 1583000 евра станаа претешко бреме за клубот од Кастилија и Леон.

Прочитано 1.451 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 4 =