ЖАРКО МАРКОВИЌ ПОТПИША ЗА ЕЛ ЏАИШ

05.06.2014 00:04
zaro-i-seik2_resize

za tekst

Поранешниот ракометар на Металург Жарко Марковиќ следните три години ќе ги помине во Катар, каде ќе настапува за екипата на Ел Џаиш.

Иако германските медиуми предвидуваа дека Марковиќ ќе продолжи во скопски Вардар, тој сепак се реши да ја прифати побогатата понуда на катарскиот клуб. За Марковиќ ова е враќање во Катар, бидејки тој и порано настапувал во таа земја, но за екипата на Ал Ахли, од каде дојде во Металург.

Заедно со Марковиќ во Ал Џаиш ќе настапува уште еден Црногорец – досегашниот голман на Р.Н.Ловен Горан Стојановиќ, кој дури зеде и катарско државјанство. Се шпекулира дека и Марковиќ има иста таква намера, па, двајцата ќе ја засилат селекцијата на Катар за СП 2015, кое ќе се игра токму во Катар.

“Сметам дека направив вистински потег со потпишување на тригодишниот договор со екипата на Ел Џаиш. Доаѓам во земја која во последните неколку години вложува многу во ракометот и во која овој спорт е на висока цена, во што и лично се уверив кога минатата година настапував на Супер Глоуб, во составот на Хамбург“, вели Марковиќ.

Прочитано 1.859 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 5