Топ Вести

Жарко Пешевски: Довидување до следно видување Металург

01.06.2018 10:02
MJI_6827_resize

По 16 години минати во Автокоманда, пикерот на Металург Жарко Пешевски го напушта нашиот клуб и почнува интернационална кариера, а негова прва станица е Украина и нејзиниот повеќекратен шампион Мотор Запорожје. Сепак, разделбата со клубот во кој ги мина сите свои ракометни денови му паѓа тешко, па затоа тој емотивно вели:

Не сакам разделби и збогувања, па затоа велам дека ова со Металург е само довидување до следно видување. Металург е сместен во посебно место од моето срце и јас му посакувам се најдобро. Сега правам нов исчекор во мојата професионална кариера и се надевам дека повторно ќе имам одлична сезона, каква што ми беше и оваа“.

Не знаеме како ќе тече понатаму кариерата на ова момче на Металург, но се надеваме дека, кога -тогаш, повторно ќе го видиме во дресот на нашиот клуб. До тогаш, му посакуваме само успеси, на професионален и на личен план.

Прочитано 198 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 6 =