Жарко Пешевски: Кога ќе го дадете најдоброто од себе, сè е можно

15.03.2018 14:27
3345_1521024381

Интервју на пикерот на Металург за сајтот на СЕХА-лигата

Топката во неговите раце најчесто им носи многу проблеми на неговите противници, бидејќи тој или постигнува гол, или заработува седмерец, најчесто пропратен со двеминутно исклучување на противникот. Силниот, но и интелегентен, ракометар на Металург Жарко Пешевски ја игра својата најдобра сезона во СЕХА-лигата. Македонскиот вицешампион во последните неколку сезони создаде сосема нова генерација на ракометари, која не е само иднина на клубот, туку и иднина на македонскиот ракомет. Очигледно, Пешевски е еден од нив, а тоа го покажа и со своите настапи за националниот тим на ЕП и на СП. Оваа сезона тој во СЕХА-лигата постигна 61 гол од 75 обиди во 15 средби, а за својот клуб заработи и 14 седмерци.

СЕХА: “Ова можеби е вашата најдобра сезона во Металург, бидејќи без сомнение сте еден од најдобрите поединци во тимот. Ги исполнивте ли своите планови за сезонава?

6B2F3304_resize “Ова е без сомнение мојата најдобра сезона во досегашната кариера и верувам дека во иднина ќе бидам уште подобар. На секој натпревар играм сѐ подобро, тоа го знам и јас, а награда ми е публиката која ме поддржува на секој натпревар“.

СЕХА: “Можеше ли Металург да постигне повеќе во оваа сезона?“

6B2F3304_resize “Секогаш може подобро. Искрено, Металург се надмина себе си на некои натпревари. Одигра неколку одлични средби и во СЕХА лигата и во Лигата на шампионите. Со оглед на квалитетот и ростерот што го поседуваме, сметам дека имаме одлична сезона“.

СЕХА: “Дали е вистина дека кариерата ја почнавте како голман? Кога сте решиле да станете пикер?“

6B2F3304_resize “Тоа беше многу одамна. Јас потекнувам од школата на Металург. Тоа беше еден детски сон на почетокот, една голема желба. Но еден ден тренерот ми кажа дека е време да се обидам да постигнувам голови, наместо да ги бранам, и тоа очигледно целосно го смени текот на мојата кариера“.

СЕХА: “Не си единствениот во семејството што игра ракомет“.

6B2F3304_resize “Антонио Пешевски е мој братучед и е голман. Тој го исполни сонот во семејството да има барем еден голман. Сега брани во Шведска, а неколку години беше играч на Металург. Некое време настапувавме и заедно“.

СЕХА: “Кога некој ќе ве погледне, веднаш препознава дека сте пикер. Колку е тешко да се игра на таа позиција?“

6B2F3304_resize “Хахахах. Па, или тоа или голман. Би рекол дека е интересно. Се разбира, тоа е далеку од лесно. Има многу борба, многу удари, скинати дресови. Но, има и убави работи кога токму вие ќе постигнете гол или ќе изнудите пенал. Секоја позиција има свои добри и лоши страни“.

СЕХА: “Како се справувате со тежината?“

6B2F3304_resize “Не е лесно, но морате да знаете што можете да правите, а што не смеете и да го прифатите тоа.  Важно е напорно да тренирате и здраво да се хранете“.

.

СЕХА: “Соработката со бековите ви е одлична. Понекогаш ја додавате топката и без да ги гледате соиграчите“.

6B2F3304_resize “Важно е да се игра долго време заедно. За градење на таквата врска е потребно време, а потоа работите доаѓаат сами по себе. Взаемното разбирање е многу важно за добрата соработка“.

СЕХА: “Против кој ракометар ви е најтешко да играте?“

6B2F3304_resize “Никогаш не е лесно, но сепак морам да го спомнам Вардар. Неговите играчи секогаш даваат се од себе и се борат за секоја топка. Затоа е навистина тешко да се игра цел натпревар против играчи каков што е Илија Абутовиќ“.

СЕХА: “Пред почетокот на сезоната имавте неколку трансфер-понуди, но решивте да останете уште две сезони во Металург“.

6B2F3304_resize “Останав во Металург и не жалам за тоа. Ја играм својата најдобра сезона и очекувам да бидам уште подобар“.

.

СЕХА: “Според вас, кој ќе биде следниот шампион во СЕХА-лигата?“

6B2F3304_resize “Вардар, јас немам дилеми околу тоа“.

.

.

СЕХА: “Можеме ли да очекуваме Металург в година да биде изненадување во лигата?“

6B2F3304_resize “Зошто да не. Пласман на фајналфор-турнирот би била одлична работа, и за клубот и за навивачите. Но, сѐ зависи од тоа каква екипа ќе имаме в година“.

Прочитано 399 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 5