Ждрепката за формирањето на групите во Првата лига ќе се одржи в понеделник

07.08.2020 13:28
rfm-938x535

Извлекувањето на групите за Прва машка лига ќе се одржи на 10.08.2020 г. (понеделник), со почеток во 12 часот, а ќе може да се проследи на YouTube каналот на РФМ. Линкот еhttps://www.youtube.com/watch?v=6KSyvZNrAB0

Во Прва машка лига сезонава ќе учестуваат 16 екипи, кои за ждрепката ќе бидат поделени во пет шешири.

.

Шешири за извлекувањето на ждрепката:

Шешир 1: РК Металург-РА / РК Аеродром

Шешир 2: РК Македонија Ѓ.П. / РК Риниа-М

Шешир 3: РК Скопје 2020 / РК Шампион / РК Драчево

Шешир 4: ГРК Борец / РК Јехона /РК Кичево 2020/ РК Преспа 2015

Шешир 5: РК Вардар Неготино / РК Делчево-Вардар / МРК Куманово / РК Партизан 2016 / РК Текстилец

.

Ждрепката е полудиригирана, па се знае дека:

Во група А ќе бидат екипите од шешир 4, една екипа од шешир 1, една екипа од шешир 2 и две екипи од шешир 3.

Во група Б ќе бидат екипите од шешир 5, една екипа од шешир 1, една екипа од шешир 2 и една екипа од шешир 3.

Системот на натпреварување во секоја група во Прва машка лига предвидува дека ќе се игра по еднокружен бод систем (домаќин-гостин) 2 х 7 кола – вкупно 14 кола. По завршување на регуларниот дел од првенството. ќе се формираат плеј оф и плеј аут групи составени од по 8 екипи.

Екипите од 1-4 места од група А и од група Б ќе ја формираат плеј оф групата, додека екипите од 5-8 места од група А и од група Б ќе ја формираат плеј аут групата. Победникот во Првата машка лига ќе игра еден бараж натпревар со второпласираната екипа во плеј аут групата во Супер машката лига во сезона 2020/2021.

Прочитано 80 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 1 =