“ЖЕЛЕЗАРА 80“ И “КАЛЕ 80“

04.12.2011 00:59
DSC05521_resize_resize

Во периодот од 22 до 25 август 1980 година, Металург учествуваше на два турнира.

Од 22 до 23.8.1980 година, Металург настапи на својот турнир “Железара 80“. Првиот ден, Металург, доживеа пораз од Универзитатеа од Крајова со 30:25, додека Вардар го совлада Пелистер со 28:23. Во финалето, Универзитатеа го победи Вардар со 28:25, и го освои првото место. Во борба за третото место, Металург го совлада Пелистер со 28:22. За најдобар играч е прогласен нашиот Ефремовски, а за најдобар голман, Царчев од Вардар.

Веќе следниот ден, Металург настапи на турнирот “Кале 80“. Првиот ден, го победи Бетон, а во финалето и тимот на Кале. И на овој турнир, Ефремовски е прогласен за најдобар играч и стрелец.

На овие турнири Металург настапи во следниот состав: Томовски, Проданов, Ефремовски, С.Јосифовски, Б.Јосифовски, Деловски, Чокрев, Ниневски, Бенко, Маневски, Трајчевски, Клинчаров, Силјановски.

Фото:

Прочитано 162 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 − 1 =