Топ Вести

ЖЕСТОКИОТ ОТПОР НА МЕТАЛУРГ СЕПАК НЕДОВОЛЕН ЗА ТРОФЕЈ

17.05.2015 00:50
MJI_3027_resize

za tekst

Металург жестоко му се спротивстави на Вардар, но и тој напор не беше доволен за титула во Купот на Македонија.

Вардар беше голем фаворит пред почетокот на средбата и таа улога на крајот и ја оправда, но до победата дојде многу потешко од очекуваното. Металург одигра одличен натпревар и во текот на целата средба беше во позиција да го напаѓа резултатот на својот противник.

Во првите десетина минути од средбата Металург одржуваше минимално водство, но скапо ја плативме слабата реализација во нападот, бидејќи Вардар успеа да направи целосен пресврт и, со серија од 5:0, да поведе со 7:3. На пет минути до крајот намаливме на само еден гол, 10:9, но на одмор заминавме со негатива од сепак два гола, 13:11.

Отпорот на Металург продолжи и во второто полувреме. Се до 50. минута Вардар не успеваше да направи покомотна разлика, додека Металург постојано  му беше зад петици. Во 45. минута беше 18:17, а во 49, минута 19:18. Дури во последните десет минути фаворитот конечно се издвои и ја заврши средбата со четири гола позитива, 26:22.

Вардар заслужено го освои пехарот, но честитки и за младиот тим на Металург, кој во ниту еден момент не беше инфериорен на средбата.

Пикерот на Вардар, Стојанче Стоилов ја понесе титулата МВП на завршниот турнир во Купот на Македонија, Петар Ангелов беше прогласен за најдобар голман, а Алекс Душебаев заврши како прв стрелец.

Вардар – Металург 26:22 (13:11)

Вардар
:
Штербик, Ангелов (17 одбрани), Стоилов 1, Брумен, Прибак, Тоскиќ 2, Марковиќ 3, Карачиќ 5, Душебаев 8, Абутовиќ, Лазаров, Растворцев, Дибиров 3, Горбок 4, Шишкарев, Шипурин.

Металург: Ефендиќ, Митревски (12 одбрани), Голубовиќ 2, Ојлески 5, Бој. Маџовски, Костески, Манасков 1, Бувиниќ 2, Кукоски, Бор. Маџовски, Талески 1, Војводиќ 6, Пешевски 2, Ѓукиќ 2, Вргоч, Стојановиќ 1.

Прочитано 2.427 пати

(1) Коментар

  1. Bravo Metalurg. Ova e odlicen rezultat.

Напишете коментар


4 − = 2