Златко Хорват уште две години ќе го носи дресот на Металург

06.05.2021 18:29
182862093_2570947539876326_1745440289540100632_n_resize

Металург најавува дека следната сезона ќе биде тим со големи амбиции.

Хрватскиот репрезентативец Златко Хорват, кој сезонава е убедливо наш најдобар играч, денеска го продолжи договорот со Металург за уште две сезони, иако за неговиот потпис беа заинтересирани многу други клубови.

Со Златко Хорват, заедно со Мартин Серафимов, Стефан Додиќ, Милан Лазаревски и другите, тренерот Иван Марковски ја има основната база за следната сезона, иако вистинските засилувања допрва ќе се договорат. Враќањето на старите патеки е нешто што претседателката на Металург, Зорица Блажевска, го најави во неколку наврати.

Златко Хорват е мој избор со кој посебно се гордеам, како играч, како личност, како другар, одличен за играчки табор, посветен како пример за останатите играчи. Кога пред година дена одлучив да се обидам да го донесам во Металург, знаев дека носам бренд и едно од најдобрите светски десни крила. Сега, на крајот од сезоната, го продолжувам договорот за уште две години, со столб на екипата, поддршка во секој поглед“, изјави Зорица Блажевска.

 Фото:

Прочитано 357 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 3