Топ Вести

ЗНАЧАЈНА ПОБЕДА НА НАШИТЕ КАДЕТИ ПРОТИВ ЕКИПАТА НА СТРУГА

01.11.2014 20:10
_DSC0131_resize

za tekst

Во интересна, динамична и на моменти неизвесна средба, кадетите на Металург беа подобри од врсниците од Струга. Иако победивме со високи 26:19 (15:10), моравме да вложиме многу напор за да го совладаме жилавиот тим на Струга.

Почетните минути им припаднаа на гостинските ракометари, кои поведоа со 0:1, а потоа и со 1:2 и 2:3. Кон средината на првото полувреме Металург ја презеде иницијативата, поведовме со резултат 4:3 и го задржавме водството до самиот крај на средбата. На одмор заминавме со предност од пет гола, 15:10.

Во вториот дел се разви вистинска борба, а противникот постепено ја намали нашата предност на само два гола, 18:16, 19:17 и 20:18. Сепак, кога беше најтешко, нашите ракометари заиграа многу поангажирано и во последните десетина минути конечно го разбија отпорот на противникот. Крајниот резултат од средбата е 26:19.

Стојменов и Танковски беа најекспонирани наши ракометари, стрелци на по шест гола. Исто толку постигна и Марковски од екипата на Струга.

Металург – Струга  26:19 (15:10)

Металург: Обреновиќ, Петрески, Шулевски, Стојковски 2, Здравковски 3, Димитриоски 3, Стојменов 6, Шилегов 3, Петковски, Лембанов, Танковски 6, Смилевски, Митревски 1, Лазаревски, Беќаровски 2 и Гошевски.      Седмерци: 4/4.        Исклучувања: 2 минути.

Струга: Затараковски, Кленковски 5, Радиновски, Ѓорчевски 1, Симоновски 1, Димоски 1, Шипинкаровски, Стојанов 5, Русески, Марковски 6, Костески, Петрески, Матоски, Мандовски и Елмазовски.        Седмерци: 4/4.        Исклучувања: 6 минути.

Судии: Металари Исмаил и Николовски Ненад од Скопје.

Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

Прочитано 1.151 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 6 =