ЗНАЕМЕ РЕЧИСИ СЕ ЗА МЕТАЛУРГ

11.03.2013 17:08
4592_572820456062482_1004850845_n_resize

Металург извлече тежок противник во осминафиналето на Лигата на шампионите. Динамо Минск е извонреден колектив, проект на белорускиот ракомет, а воден е Сергеј Бебешко, 44-годишниот украински ракометен експерт, олимпискиoт шампион од ОИ 1992 во Барселона, каде настапи за селекцијана на Заедницата на независните држави (ЗНД). Г.Бебешко љубезно се согласи да даде кратко интервју за официјалниот сајт на Металург.

482592_572820456062482_1004850845_n_resize1. Што знаете за РК Металург и за македонскиот ракомет?

– Знаеме многу работи. Игравме против Металург во квалификациите за Лигата на шампионите во 2010 година, а и минатото лето на струшкиот турнир. Исто така, контактираме со главниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ. Во тек сме со се што се случува во македонскиот ракомет. Знаеме речиси се за Металург. Го следиме клубот уште од 2010, кога играше во квалификациите за групната фаза на Лигата на шампионите. Сезонава, Металург се покажа во најдоброто издание во групната фаза. Нивото на македонското првенство е речиси исто како во Белорусија. Само два тима се борат за победа. Сепак и Металург и Вардар учествуваат во Сеха-лигата, добро играат и имаат право на победа.

2. Дали сте задоволни со противникот или сакавте да играте против друг тим?

– Металург е многу добар, квалификуван тим. Сите се плашат од клубовите на Бундес-лигата. Секако дека не сакавме дуел со Кил.  Меѓутоа сметам дека и Фленсбург би бил добар противник. Македонскиот шампион, пак, многу подобро игра на домашен терен, каде што речиси е непобедлив, подобро отколку на гостинскиот. Во Скопје, Металург изгуби само на еден натпревар, против полскиот тим Виве Киелце, единствениот тим кој сезонава нема изгубено натпревар во групната фаза на Лигата на шампионите.107313_resize

3. Кои играчи на Металург ви претставуваат најголем проблем?

– Не е тајна дека двајцата главни играчи во составот на македонскиот шампион се голманот Дарко Станиќ, прогласен за најдобар голман на Европскиот шампионат во 2011, и средниот бек Наумче Мојсовски, двигателот на тимот. Треба да имаме предвид дека иако Филип Миркуловски не е толку истакнат играч, сепак, претставува ризик поради стратегијата на игра. Вреди да се спомне и Ренато Вугринец. Овој ветеран е во својата најдобра форма до сега.

572-sergej-bebeyoko-yvynosili-s-ploschadki-na-rukag-kak-toreadora-posle-korridyy_resize4. Што очекувате од средбата со Металург и каков би бил резултатот?

– Се разбира, се надевам дека ќе победи Динамо. Овие два натпревари ќе бидат напнати. Ако земеме предвид дека нашиот тим многу добро игра на гостинските натпревари (тоа го покажавме во групната фаза), ќе треба да го дадеме нашиот максимум во Минск. Натпреварот во Македонија ќе биде многу тежок, но веќе покажавме дека на гостинските натпревари нашите играчи не се откажуваат туку се борат. Мислам дека можеме да победиме во Скопје.

5. Ќе ви биде ли тешко да играте во Скопје пред седум илјади навивачи?

SB19– Веќе игравме во Загреб пред осум илјади навивачи и го победивме локалниот тим. Од една страна, фановите во Скопје се многу поагресивни и подобро ги подржуваат играчите, а и самата сала е понабиена. Од друга страна, теренот е 40 x 20 метри и публиката не дава голови. Не гледаме ништо лошо во тоа што противникот ќе биде поддржуван. Напротив, ќе ни биде задоволство да играме таму, бидејќи ретко играме пред толкава публика. Предходните натпревари покажаа дека и под притисок изгледаме и играме нормално.

Прочитано 2.139 пати

(6) Коментари

  1. Браво за „тастерот“ Вујо ????

  2. Namerno e spomnat Vujo, za provokacija :)

  3. no ne znaes kakva atmosvera ke ima vo Boris Trajkovski

  4. I ako sum za Vardar sakam Metalurg da odi ponataka..

    • Вистинскиот Македонец поинаку и не може да посака. Ви благодариме.

  5. Ovie mnogu samouvereni,uste ne znaat pred koja publika ke igraat vo Skopje,pa i tamo metalurg e br.1.

Напишете коментар


7 − = 3