ЗОМИМАК ГИ ОДНЕСЕ БОДОВИТЕ ОД АВТОКОМАНДА

14.03.2015 14:09
_DSC0012_resize

za tekst

Денеска во Автокоманда се одржа натпревар од 16. коло на македонската Суперлига, меѓу екипите на Металург 2 и на струмички Зомимак М. Славеше гостинскиот тим, кој убедливо го совлада ослабениот состав на Металург 2, со резултат 34:20 (17:8).

Како што е познато, скоро комплетниот состав на Металург 2, кој се натпреваруваше во есенскиот дел од првенството, премина во Металург, па овој сегашен немаше никакви шанси да му се спротивстави на фаворизираниот тим од Струмица.

Се беше завршено уште во првото полувреме, кое гостите го добија со резултат 17:8. Општата слика не се измени ниту во вториот дел од средбата, па струмичани заслужено ја однесоа победата, со конечен резултат 34:20.

Металург 2 – Зомимак М  20:34 (8:17)

Металург 2: Даниловски, Алушовски, Бошковски 2, Бешлиевски, Ѓошевски 1, Крстановски 1, Гроздановски, Велковски 6, Ставридис 1, Давитковски 3, Матијашиќ 1, Сековски, Петрески и Палевски 5.      Седмерци: 2/5.       Исклучувања: 0 минути.

Зомимак М: Атанасов 1, Н.Маркоски 5, Павловски 8, Младеновски, Стојанов 1, Пецаковски 2, Тунев, Милосавлевиќ 4, Трајковски, В.Маркоски 1, Босеовски 2, Стојаноски, Василев 3, Чантурија 6 и Везенковски 1.       Седмерци: 0/1.       Исклучувања: 2 минути.

Судии: Куртовиќ Цано и Георгиевски Митко од Скопје.

Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

Прочитано 2.131 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 7 =