ЗОМИМАК УБЕДЛИВО СЛАВЕШЕ ВО “АВТОКОМАНДА“

06.03.2014 22:45
DSC_0213_resize

za tekst

Вечерва во “Автокоманда“ се одигра заостанатиот натпревар од 12. коло на машката ВИП Суперлига, меѓу екипите на Металург Јуниор и струмички Зомимак М. Победата му припадна на гостинскиот тим, кој го совлада Јуниор со резултат 34:24 (17:11).

Зомимак во текот на целата средба беше подобриот партнер и сосема заслужено замина со три нови бода. Металург Јуниор одигра испод своите реални можности и не успеа да го изненади фаворитот од Струмица. Нашите млади ракометари денеска направија премногу технички грешки, а во одбраната одиграа премногу лошо, па, високиот пораз беше неминовен. Највисоката предност на Зомимак М изнесуваше +12, првпат во 52. минута, при резултат 19:31.

Најдобар стрелец на средбата беше Чантурија од Зомимак М, кој го заврши натпреварот со 10 постигнати гола. Талески и Костески од Металург Јуниор постигнаа по 6 гола, најмногу во нашиот тим.

РК Металург Јуниор – Зомимак М  24:34 (11:17)

111058_256_2156_resizeМеталург Јуниор: Кимевски, Ивановски, Даниловски, Борј. Маџовски 2, Костески 6, И.Крстевски 1, Манасков 2, Велковски, Маркудов 1, Ставридис, Талески 6, Давитковски, Матијашиќ 1, Бој. Маџовски 2, Г.Крстевски 2 и Палевски 1.     Седмерци: 4/6.    Исклучувања: 2 минути.

Зомимак М: Атанасов 1, Младеновски 3, Стојанов 1, Тренчевски 6, Милосављевиќ 4, Колев, Шалевски, Босеовски 1, Стојановски, Анѓеловски 3, Спировски, Чантурија 10, Митревски 1, Караиванов 1 и Везенковски 3.       Седмерци: 3/3.         Исклчучувања: 6 минути.

Судии: Куртовиќ Цане и Георгиевски Митко од Скопје.

Делегат: Камишевски Душко од Скопје.

Прочитано 2.250 пати

(6) Коментари

  1. Што стана со Неловски???

    Ми се чини дека нема срце да се врати и да заигра повторно.

  2. sekoja cest na nasive juniori….nim im lici da letaat po teren neorganizirano da pravat pocetnicki greski duri i smesni greski sepak se toa seuste deca…za moe golemo razocaruvanje nisto podobro ne pokaza ni zomimak iako pobedija so golema razlika….neorganizirana igra pocetnicki greski i slicni rab oti iako se raboti za povozrasni igraci i poiskusni……sudiite se vklopija vo celata slika……metalurg junior ima golema perspektiva dokolku strucno se raboti so niv i vo idnina …..pozdrav i mnogu uspesi na mladiot tim metalurg junior

  3. Bravo za Kosteski! Najdobroto desno krilo vo Metalurg Junior

  4. Zasto ne igrase Velkovski?

  5. Najcesto gi izbegnuvate prasanjata za Marko Neloski ili davate skrti odgovori pa lugeto si zemaat za pravo da komentiraat deka deteto nema srce da se vrati na terenot. Naj strasno nesto za sekoj sportist e povredata a uste postrasno koga imas 17 godini a ti si najgolema nadez na makedonskiot sport, povredata ke se iskomplicira i vrakanjeto ke se odolzi. Site sto vistinski go sakaat sportot i nasite sportisti treba da bidat so niv togas koga najveke im treba. Marko, ti posakuvam sto pobrzo da se vratis na terenot i da bides najdobar kako i pred povredata.

    • Не ги избегнуваме прашањата за Марко Нелоски, него немаме ништо ново да ви кажеме. Последен пат одговоривме дека наскоро очекуваме да настапи на некој натпревар за првиот тим.

Напишете коментар


6 − 1 =