Зоран Кастратовиќ е новиот тренер на Металург

14.10.2019 21:21
101546-poraneshen-trener-na-vardar-kje-go-vodi-metalurg_resize

Раководството на Металург ја заврши потрагата по нов тренер на првиот тим и се договори со Зоран Кастратовиќ, кој ќе го замени отпуштениот Дамир Стојановиќ.

Во изминатите две седмици Металург преговараше со голем број еминентни тренери, на списокот беа и Ивица Обрван, Жељко Бабиќ, Бранко Тамше, Рафаел Гихоса и Ненад Кљаиќ, но на крајот договор е постигнат со Зоран Кастратовиќ.

Кастратовиќ е тренер со големо искуство и минат труд, а во својата тренерска кариера работел со екипи како Вардар, Кометал, Сутјеска и Ал Џаиш, а бил и селектор на женската репрезентација на Македонија, како и селектор на машките репрезентации на Црна Гора и на Иран.

Кастратовиќ во Металург доаѓа во најсоодветно време, пред клупскиот ангажман во ЕХФ Купот и главната разврска во македонското првенство.

Прочитано 491 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 1