Зоран Кастратовиќ: Мислам дека Металург има добри шанси во двомечот со Горење Велење

15.10.2019 12:36
MANNHEIM, GERMANY - NOVEMBER 01: Head coach Zoran Kastratovic of Montenegro reacts during the EHF Euro 2014 qualifying match between Germany and Montenegro at SAP Arena on November 1, 2012 in Mannheim, Germany.  (Photo by Alex Grimm/Bongarts/Getty Images)

Новиот тренер на Металург, Зоран Кастратовиќ, начелно е задоволен од противникот што го добивме со ждрепката за третото коло во ЕХФ Купот.

Горење Велење, слично на Металург, е млада екипа засилена со неколку поискусни ракометари, меѓу кои би го издвоил Давид Миклавчиќ. Ги гледав натпреварите на Горење против Металопластика и сметам дека Металург има добри шанси во овој дуел. Овој тим на Металург има поголемо меѓународно искуство од младите ракометари на Горење, стекнато во настапите во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата во последните години и тоа е значителна предност“, вели новиот стратег на Металург.

Како што е познато, првата средба ќе се игра во Велење, на 16/17 ноември, додека реваншот една недела подоцна во Скопје.

Прочитано 302 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 2