Зорица Блажевска: Групата во која се најдовме ни носи мотив и многу можности

02.10.2020 12:54
120419540_715677365704446_1555065885895028454_n_resize

Металург ги дозна своите противници во групната фаза.

Избрани сме во групата “А“, заедно со екипите на Адемар Леон од Шпанија, Висла Плоцк од Полска, Чеховски Медведи од Русија, Феникс Тулуз од Франција и со Фиверс од Австрија. Солидна и тешка група, која гарантира десет извонредно интересни натпревари.

Задоволна од изборот на групата е и претседателката на Металург, Зорица Блажевска, која вели:

Кога веќе ја остваривме целта, со пласманот во групната фаза на Лига Европа, растоварени ја очекувавме денешната ждрепка во Виена, сепак свесни дека нема да имаме ниту еден лесен противник на кој ќе можеме да “налетаме“. Сепак, задоволна сум од денешната ждрепка. Групата во која се најдовме ни носи мотив плус и можност како тим да растеме од натпревар во натпревар. Како и досега, сите заедно ќе се бориме за што подобри игри, резултати, а со самото тоа и за што подобар пласман, а зошто не и за пласман во нокаут фазата“.

Прочитано 232 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 + = 12